На 7ми јануари, Данската општина Фуресо, најави дека сака да помогне на граѓаните да си ги остварат новогодишните желби, да престанат со пушење во 2022. За време на оваа година, цената на цигарите ќе се зголеми и тие што ќе успеат да се откажат од оваа штетна навика, ќе имаат значајни заштеди.
Според изјавата, дури 71 % од 4,700 пушачи во Фуресо сакале да се откажат од пушењето. Иако многумина од нив сакаат да се откажат од навиката бидејќи станува прескапа, сепак голем дел прифаќаат дека цигарите имаат негативен ефект врз здравјето и благосостојбата.
Како дополнување, општината пријавува дека секоја година, околу 14,000 луѓе во Данска ги губат своите животи поради цигарите. Кажано на друг начин, пушењето се смета за одоворно за 20-25 % од сите смртни случаи во државата.
Курсеви за откажување од пушење и забавни натпревари
Околу 3,300 пушачи планираат да се откажат од пушење оваа година. Општината Фуресо започнува иницијатива за да им помогне да ги остварат нивните цели. Овој месец, општината направи и Facebook страница, наречена “Furesø quits smoking“, односно “Фуресо се откажува од пушење.”
На оваа страница, ќе се објавуваат информации за претстојните курсеви за откажување од пушење. Ќе има и инспиративни објави за да се помогне на луѓето да се откажат од оваа лоша навика. Поспецифично, ќе се споделуваат лични приказни, ќе се започнуваат натпревари и ќе се нудат и подарок-картички.
Здравствената работничка и координатор Стине Олванг, од Општината Фуресо, ја коментираше иницијативата, и сподели мислење дека истата треба да биде забавна, за да биде успешна. Таа изјави:
“Не е убаво цело време да се потсетуваме на темната страна на пушењето. Ние, заради тоа, се надеваме дека facebook страницата ќе прерасне во едно позитивно и динамично место, каде пушачите ќе може да се мотивираат меѓусебно.”
Општината исто така пресметала дека со откажување на 10-12 цигари на ден, ќе може да се заштедат нешто повеќе од 1,400 евра до крајот на годината.