• чет. Јун 1st, 2023

“Темпо 30” – успешна приказна за квалитетот на воздухот

Јан 18, 2022

Локалните власти во Берлин објавија дека пилот-проект за воведување на зони со мала брзина, во одредени делови од градот, наречен “Темпо 30” се покажал како успешен. Зоните наменети да го намалат загадувањето на воздухот од сообраќајот, ќе останат и по целосното завршување на пробната фаза.

Поефтин начин за ограничување на загадувањето од сообраќајот

Овој проект започнал во 2017та година кога било воведено ограничување на брзината на 30 km/h, на пет главни улици. И покрај тоа што проектот се покажал како успешен на четири од овие пет улици, сепак локалните власти изјавиле дека ограничувањето на брзината ќе остане на сите пет улици.

На почеток, проектот предизвикал многу забавен сообраќај, како и префрлување на сообраќајот на помалите споредни улици. Сето тоа довело до и до побавен јавен транспорт. Сепак, по одредени технички подесувања на семафорите, ситуацијата се нормализирала.

Одделот за Животна средина, Мобилност, Потрошувачи и Климатска заштита издвоил 850,000 евра за овој проект. Додека BVG, Берлинскиот оператор за јавен транспорт, потрошил уште 650,000 евра за дополнителни возила.

“Темпо 30” – патот до согорување на помалку гориво

Според истражувањето направено од 2017-2019, проектот “Темпо 30” бил успешен во значително намалување на емисиите на азот диоксид (NO2) на 4 од петте улици. Споредено со улиците каде ограничувањето е 50 km/h, има и повисока заштеда на гориво на возилата.

Единствената улица каде овој проект немал ефект, било поради големо заглавување на сообраќајот. Всушност, дури и кога оваа улица имала ограничување на брзината на 50 km/h и тогаш имало проблем со сообраќајот. Затоа научниците предложиле дополнителни мерки за да се избегне тргни-застани сообраќај во оваа зона.

Извор