• чет. Јун 1st, 2023

Гренобл ја започнува годината како Најзелен град во Европа

На 15ти јануари, Гренобл и официјално ја започна годината како Најзелен Европски град за 2022. Овој француски град заедно со целиот регион Гренобл-Алпи во соработка со Департманот Изер, Француската Влада и Европската Комисија, организираше настан со кој се одбележи дека градот ја заслужува добиената награда.

Официјална програма за настанот

Инаугуративната програма започнала со младите. Од 10-16 часот била организирана Escape Game, игра за бегство, дизајнирана според 12 теми.

Предизвиците биле поврзани со темите воздух, клима, енергија, храна и земјоделство, здравје, нееднаквости, живот во град од иднината, мобилност, природа и биоразновидност, различно произведување и консумирање, отпад и вода. Со овие теми, градот Гренобл ги повикува сите индивидуалци и институции да се обврзат дека ќе ги спроведуваат мерките во 2022, за подобрување на климата.

Во 16:30 беше официјалното примопредавања на титулата односно на “Зелената книга” од страна на градот Лахти, прогласен за Најзелен Град во Европа за 2021.

Градот Гренобл, наградата ја доби уште во октомври, 2020та година, заедно со Габрово (Бугарија) и Лапеенранта (Финска). Тие градови беа добитници на наградата за Најзелени градови за 2022 до 100,000 жители.

Извор