• пет. Мар 31st, 2023

Зошто цело Скопје (освен булеварите) треба да стане Зона 30?

Јан 22, 2022 ,

Зошто цело Скопје (освен булеварите) треба да стане Зона 30 и зошто на булевар не смее да се вози повеќе од 50 km/h.

Возењето прилагодено на условите во населено место спасува животи, а брзината убива.

Знаејќи го тој факт, ако некој свесно вози побрзо од дозволеното низ населено место, треба да одговара за убиство со умисла.

Полицијата мора да се ангажира и да ги впрегне сите човечки и технолошки потенцијали да не постои еден некaзнет што надминал 50 km/h.

Градот мора да ги дизајнира булеварите со потесни ленти (максимум 3 метри) и помали радиуси на свртување кои одговараат на брзини до 50 km/h, а не на брзини до 90 km/h.Исто така може да употреби и мерки за смирување на сообраќајот соодветни за булевари.Градот мора да го изработи и документот Визија Нула – стратешки документ за нула жртви во сообраќајот, за чија изработка гласаше Советот пред 1 месец.

Општините под итно треба да ги прогласат сите свои улици за Зона 30. РСБСП и автошколите да се фокусираат на најризичните групи на возачи.А обинителствата и судот да не ги третираат овие удари како несреќи! Ако возачот возел со соодветна брзина, ќе закочел навреме и ќе се избегнел ударот или немало да биде смртоносен.

Порастот на брзината експоненцијално ја зголемува шансата за фатален исход. Ако при брзини од 30 km/h, шансата за преживување е 90%, при 50 km/h, шансата за преживување е 60%, при 60 km/h се намалува на 20%, а веќе за брзини над 70 km/h, шансата за преживување на пешак е 0%.

Превземено од На-Точак