Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски на својот facebook профил објави дека второто полугодие конечно започнува и во ОУ „Димитар Македонски“. Прочитајте ја целата изјава.
“Првиот ден од второто полугодие на школската година го започнавме во ОУ „Димитар Македонски“ во Лисиче. Овде, конечно заврши долгогодишниот проблем со лошите услови и нашата општина доби училиште по сите европски стандарди.

Од денеска учениците ќе можат да бидат во една топла атмосфера тука да ги поминуваат своите училишни денови. Оваа календарска година планираме многу да инвестираме во образованието. Освен „Димитар Македонски“, во текот на оваа година ќе ги реконструираме и другите основни училишта, ќе има смарт табли, дигитализација, набавка на нови таблети за прво и четврто одделение. Воедно, почнуваме со изградба на три нови градинки и ќе ги реновираме постоечките.
Образованието е наш приоритет. Продолжуваме да работиме со засилено темпо за да ги оствариме нашите заложби.
Во истава пригода им посакувам успешно второ полугодие на сите ученици од Општина Аеродром и остварување на целите кои ги имаат поставено.”