• пет. Мар 31st, 2023

Средба со Федерацијата за планинарство на РСМ

Фев 4, 2022 ,

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес ги прими претставниците на Федерацијата за планинарство на РС Македонија, во која члениваат повеќе од 50-тина планинарски клубови. На средбата се разговараше за состојбите со планинарските домови во државата за што реферираа претставниците на ФПСМ, кои ја потенцираа потребата од нивно обновување и одржување, како објекти од посебна важност за вљубениците во природата.

Од двете страни беше нагласена подготвеноста за соработка во заштитата на природата што е од интерес за целата јавност, како и за отварање на нови можности за социо-економски развој во заштитените подрачја во правец на развој на еко-туризмот.

Извор