Минатата недела, локалните власти во Виена ја најавија конструкцијата на мега автопат за велосипеди. Овој вело-пат ќе биде долг 7 километри, а ширината ќе изнесува 4 метри. Вело-патот ќе ја поврзува населбата Donaustadt, популарна дестинација за рекреација на отворено, со центарот на градот.
Новиот мега автопат за велосипеди ќе дојде заедно со проширување на зелените простори околу оваа рута и со мото “”Тргнете се од асфалтот”. Проектот за зазеленување пропратен со инфраструктурното проширување е во согласност со желбите на локалните власти да се минимизираат топлотните острови на улиците. Исто така сакаат и да се ослободи што е можно повеќе почва од асфалт.

Понатаму, ова проширување е дел од неодамна најавената Паметната Климатска Стратегија на Виена, програма за наредните 20 години. Стратегијата се фокусира на намалување на емисиите на CO2, но и на борбата против социјалните проблеми. Тоа го прават со користење на урбаната полиса за обезбедување на праведна транзиција во климатска неутралност. Згора на се, градоначалникот Михаел Лудвиг веќе има изјавено дека стратегијата ќе помогне Виена да остане најдобар град за живеење во светот.
Новиот мега автопат за велосипеди во детали
Новата велосипедска рута ќе започне во центарот на градот, ќе оди преку Дунав и Дунавскиот канал, и на крајот ќе заврши во Donaustadt. Ќе биде долга околу 7 километри.
Конструкцијата во центарот на градот ќе започне најрано во есен оваа година, додека во Donaustadt, ќе започне наредната година. Praterstraße, улицата која води кон центарот на градот, ќе биде скапоцена круна на оваа рута, бидејќи постоечката патека ќе биде проширена за нови 4,5 метри. Овој дел ќе биде еден од најшироките велосипедски патеки во светот, со скоро 6 метри ширина.

Потегот за вакво проширување е забрзан, бидејќи минатата година, локалните власти изброиле дека само низ оваа рута поминуваат 1,3 милиони луѓе. Новата инфраструктура не вклучува проширување на капацитетот на моторните возила, па се очекува дека во исто време ќе се зголеми желбата за велосипедски превоз, а ќе се намали зависноста од моторни возила.
Зазеленувањето паралелно на патеката ќе се одвива таму каде што има можност за проширување на зеленилото. Како за пример, делот во близина на центарот ќе има двојно повеќе дрвја. Дополнително, ќе се постават и јавни водни елементи, кои ќе помогнат во разладување за време на летните месеци.