Комуналната служба на општина Ѓорче Петров исчисти уште една мини-депонија кај местото викано Крст во Кучково.
Чиста животна средина останува приоритет. Апелираме до месното население на поголема одговорност кон јавните добра и природата.

Зелен мега парк на место на поранешната депонија во Ново Село
Општина Ѓорче Петров ја потврди веста од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека ќе се гради целосно нов парк во оваа општина.
За прв пат во историјата општина Ѓорче Петров добива целосно нов зелен мега парк на место на поранешната голема депонија во Ново Село, предвиден со програмата на Град Скопје.
Со овој проект жителите на Ново Село, Даме Груев, Кисела Јабука и околните населби добиваат место за рекреација и урбано живеење.
Ѓорче Петров заслужува да биде чисто, хумано и урбано место за живеење.