Минатата недела, локалните власти во Германската сојузна покраина, Баден-Виртемберг најавија дека имаат зелено светло од Федералното Министерството за транспорт за финансирање на 20 нови иницијативи за велосипедска инфраструктура. Вкупната должина на сите проекти ќе изнесува 110 километри и сите проекти треба да завршат до 2030 година.
Велосипедскиот експресен пат на рутата Хајделберг-Швецинген, ќе ги поврзува центарот на универзитетскиот град Хајделберг со останатите околни градови. Оваа врска ќе поминува преку железнички пруги и автопати и ќе понуди на велосипедистите пат без автомобили и пешаци. Властите пресметале дека оваа врска ќе овозможи околу 2,900 патувања дневно, што ќе го олесни товарот на железницата и јавниот транспорт.
Проектот ќе чини нешто помалку од 800,000 евра, од кои 75 % од средствата ќе се обезбедат од Федералната Влада на покраината, а остатокот од Германската. Од друга страна, фазите на планирање на рутата, ќе бидат изведени од општините на Хајделберг, Епелхајм, Планкштат и Швецинген.
Велосипедски експресни патишта – нова норма во Баден-Виртемберг
Концептот на велосипедски експресни патишта се шири брзо, како алтернатива за автомобилски превоз од помали градови до поголеми. Тие имаат поразлични карактеристики од нормалните велосипедски ленти и фукнционираат повеќе како автопат за велосипеди.
Главните карактеристики се широка патека, со малку можности за запирање и помалку раскрсници. Во исто време, ќе бидат одделени од други корисници на патот, особено пешаци. Понатаму, властите исто така кажале дека овие патеки ќе имаат специфично одржување, налик на патиштата, што вклучува и одржување и во зимски услови.
Како Европските градови се оттргнуваат од авто-центричната инфраструктура и велосипедите стануваат се поважна форма на мобилност, така е потребна и еволуција во велосипедската инфраструктура.
Градот Виена, веќе најави изградба на голем велосипедски автопат, што ќе ја поврзува областа Donaustadt, со центарот на градот. Градоначалничката на Париз, Ани Хидалго, минатата година започна слична, но малку порадикална кампања. Во случајов, целта била центарот на Париз да се направи пешачка зона, што сега вклучува и големи велосипедски рути.