• саб. Јун 3rd, 2023

Штутгарт планира подготовка на шумите за климатските промени

Минатата недела, локалните власти во Штутгарт, Германија, најавија дека ќе го сменат нивниот пристап во менаџирање на шумите, со силен нагласок на климатската отпорност. Промената била предложена од Техничкиот Градоначалник, Дирк Турнау, и цели кон промовирање на биоразновидноста во локалните шуми.

Поспецифично, предлогот се фокусира на одржување на различни видови на дрвја, со цел шумите да имаат поголема шанса да ги издржат климатските промени.

Главната цел на оваа идеја е да се промени начинот на којшто градот ги менаџира локалните шуми. Наместо да се гледаат како места за рекреација и дрварство, властите треба да ги препознаваат шумите како заштита од најлошите ефекти од климатските промени, дезертификација, поплави и заштита на почвата. Сите други употреби треба да бидат ставени во втор план.

Менаџирање на шумите за климатска издржливост

Шумите се исклучително важни бариери за ерозија и поплави. Користејќи ги наредните 10 години за подготовка на шумите за промени во климатските услови, може да има силно влијание на квалитетот на животот во Европа. Затоа Штутгарт сака делува побрзо.

Техничкиот градоначалник објасни дека науката може грубо да го процени појавувањето на климатските промени. Исто така, може и да се процени кои дрвја ќе бидат попогодни за тоа што ни следува.

Д-р. Клаудија Кентнер, раководител на градските шуми изјавила дека зголемувањето на видовите на дрвја ќе бара попосветени напори за менаџирање на шумите. Како пример го дала дрвото бука, коешто може да премести многу други видови, ако не се проверува. Според Кентнер, буката расте многу побрзо од другите видови, но не е климатски отпорно.

Извор