• саб. Јун 3rd, 2023

Милано станува побавен, позелен и почист град

Фев 25, 2022 ,

На 21ви февруари, Градскиот совет на Милано го одобри амбициозниот План за воздух и клима. Тој треба да послужи како насока за трансформација на градот во многу поодржлива верзија до 2050та година.

Планот е поделен на 5 дела: Здравје, Поврзување и достапност, Енергија, Адаптација на климатски промени, Свест. Секој дел се комбинира со останатите за конкретно извршување на акциите насочени кон квалитетот на живот во градот, но и достигнување на јаглеродна неутралност.

Milano spirit Premium Photo

Радикална трансформација во поглед на протокот на мобилност

Мобилноста е водечки проблем и во тој дел локалните политичари ветиле дека граѓаните ќе можат да ги видат промените за брзо време.

Планирани се неколку интервенции при што ќе се започне со концептот на Милано како велосипедски и пешачки град и град каде ќе се вози со ограничена брзина од 30 километри на час. Возилата што загадуваат, повеќе нема да можат да циркулираат низ градот. Почнувајќи од октомври оваа година, на дизел Euro 5 возилата, постепено ќе им се ограничува влезот во градот.

Проектот замислува регенерација на јавните простори во училиштата и создавање на опремени зелени површини што ќе можат да ги привлечат учениците, студентите и граѓаните по завршување на училишните часови.

За посензитивните површини, во близина на училиштата и болниците, ќе има привилегиран пристап за пешаците, велосипедите и скутерите, додека да станат вистински Зони 30. Во исто време, ќе се создадат големи површини со ограничен сообраќај во секое маало. Идејата е Милано да се претвори во голема мрежа на делови со ниска брзина на сообраќање.

Само главните патишта ќе останат со повисока брзина. Како што вели советничката за животна средина: “Создавањето на пешачки зони во сите сензитивни делови, е операција што мора да започне уште утре наутро.” Ова покажува дека планот не е само апстрактен документ.

Извор