• вто. Мар 28th, 2023

ВО ТРНОДОЛ И ЖДАНЕЦ ОД ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ВОЗИ СО 30 КМ НА ЧАС

На барање на жителите на Трнодол и Жданец, поставени се сообраќајни знаци на влезовите во овие населби со кои се ограничува брзината на движење на моторните возила на 30 км на час.

Новото сообраќајно правило ќе важи за сите улици во овие населени места со цел да се намали брзината на движење, а во исто време да се зголеми безбедноста на децата и на пешаците воопшто.
Апелираме до сите возачи да ја почитуваат поставената сигнализација, со што и тие ќе придонесат за побезбеден сообраќај во општина Карпош.

Извор