• чет. Мар 30th, 2023

СОБИРАЊЕ НА КАБАСТ ОТПАД НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ НИЗ КАРПОШ

Мар 22, 2022

Во периодот од 28.03.2022 до 03.04.2022 година, ЈП Комунална хигиена – Скопје ќе постави  контејнери за одлагање на кабаст отпад, на четири различни локации низ локалната самоуправа. Во таа насока, јавното претпријатие испрати официјално известување до Општина Карпош, дека според утврдениот заеднички план за работни активности на комуналните претпријатија, во координација со Град Скопје ќе бидат поставени големите контејнери на следниве локации:

  1. Тафталиџе 2, на улица „Женевска“ (во близина на автобуската постојка на последна 24-ка);
  2. Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, (кај ресторанот „Македонска куќа“);
  3. Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ и
  4. Влае 2, на улица „Војвода Васил Чакаларов“, (позади Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка).

Извор