• саб. Јун 3rd, 2023

Како Турскиот херој Хикмет Каја засадил 30 милиони садници за 19 години?

Хикмет Каја докажал дека добрите намери и напорната работа доведуваат до големи резултати. Пензионираниот шумски раководител од Турција, позирал гордо пред шумата која тој и неговиот тим ја создале. Неговата кариера започнала во 1978 година во градот Синоп, а по неговото пензионирање, 19 години подоцна, неговото наследство сеуште растело, во вистинска смисла на зборот.

Работејќи заедно со неговиот тим и локалните селани, тој донел и засадил 30,000,000 садници за време на неговата кариера. Долго по неговото пензионирање, неговите дрвја продолжиле да растат. Денес, овој некогаш гол рид, поминал низ неверојатна трансформација. За време на 19-годишниот проект за пошумување, Каја никогаш не престанал да работи. 41 година по почетокот на овој прект, тој се вратил на местото на шумата со слика од истото место пред почетокот на проектот за пошумување, истакнувајќи ја огромната разлика. Излишно е да се зборува дека тој бил видно задоволен од резултатите.

Hikmet Kaya Planting Trees in Turkey

Ова е прекрасен пример што треба да го следи целата земја. Според Global Forest Watch, Турција има значително намалување од 5,4 % покриеност на земјата со дрвја од 2000 година. Дефорестацијата била главна причина за ова намалување.

Hikmet Kaya Planting Trees in Turkey

Борбата против дефорестацијата често доведува до промени во владините политики, што е многу важно за индивидуалците, за да знаат за кого да гласаат и да се осигураат дека ќе се стави акцент на грижата за природата. Сепак, тоа не ги запира индивидуалците да преземат некои мерки во свои раце. Од Индија и Гана до Кина, индивидуалците се тие коишто ја прават разликата во пошумувањето.

Извор