Минатата недела, официјални лица на градот Луксембург најавија приоретизирање на седум нови велосипедски улици. Ова значи дека на тие улици, велосипедите ќе бидат попривилегирани од моторните возила. Овој потег е всушност следната фаза на пилот проектот којшто започна во Големото Војводство уште во 2021. Истиот претставува логичен чекор напред кон намалување на неоправданата употреба на автомобили.
Во исто време, овие велосипедски улици се интересна студија за истражување за тоа како да се пренасочат локалните сообраќајни закони и да се промовира промена, без додавање на дополнителна инфраструктура.
Велосипедистите ги враќаат улиците за нивна употреба
Првите велосипедски улици во градот Луксембург биле отворени за употреба во март 2021. Тоа биле три стратешки улици коишто ги поврзуваат главните велосипедски патеки во градот. Според изјавите од локалните власти, бројот на велосипедисти на овие улици драстично се зголемил.
Врз основа на тој успех, се цели кон проширување на можностите во градот за одржлив транспорт.
Како функционираат велосипедските булевари:
На овие улици, велосипедистите имаат предност во однос на било кое моторизирано возило. Тие можат да ја користат целата ширина на лентата и не смеат да бидат претркани. Во исто време, максимална дозволена брзина на движење е 30 километри на час.
Местата каде овие правила важат се јасно означени со вертикална и хоризонтална сигнализација на улиците и точно се знае каде почнува и каде завршува велосипедскиот булевар. Кога велосипедистите веќе нема да бидат во овие зони, тогаш тие се должни да им дозволат на возилата да ги претркаат.
Понатаму, градот ќе ја разгледува можноста за проширување на сообраќајниот семафорски систем со воведување на трепкачко портокалово светло. Според властите, идејата за сообраќаен систем само за велосипедисти доаѓа оттаму да се обезбеди полесен, поефикасен и побезбеден концепт за овој одржлив транспорт со што би се намалило и времето потребно за стигнување од едно до друго место.
Додавањето на ново светло во семафорот е пилот проект од 2020 година, а сега локалните власти планираат и официјално да го воведат.