• чет. Мар 23rd, 2023

СЕ ЧИСТИ ДЕПОНИЈА СПРОТИ АМБУЛАНТАТА ВО НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ

Општина Аеродром денеска ја чисти дивата депонија што со години се создава спроти амбулантата во населба Лисиче, на местото познато како Пирин.

Станува збор за голема депонија во срцето на Лисиче, која го нагрдува ликот на населбата и претставува опасност по здравјето на луѓето и на животната средина. Во големата акција за само неколку часа се собрани над 60 мразлични видови отпад.

Изминатите месеци редовно ги чистиме дивите депонии на целата територија и истовремено ги повикуваме граѓаните на совесно однесување со цел сите заедно да ја заштитиме околината во која живееме и ги растеме новите генерации.

Извор