• саб. Фев 4th, 2023

Детска атлетика за прв пат во Гази Баба

Во училишниот двор на ООУ “Григор Прличев” во н. Железара се оддржа за прв пат во Гази Баба спортскиот настан- детска атлетика, кој беше организиран во соработка со Атлетската федерација на Македонија.

Градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше и ги поздрави присутните на настанот. Тој изминатиот период оддржа неколку средби со Атлетската федерација на Македонија на која разговараа за повеќе заеднички проекти помеѓу кој е и денешниот реализиран настан.

Следната година по иницијатива на градоначалникот Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба во соработка со Атлетската федерација на Македонија ќе реализираат проект за детска атлетика во секое основно училиште на нашата територија.

Извор