• вто. Мар 28th, 2023

Аеродром добива нов парк од 6000м2

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, потврди дека е прифатена иницијативата за бришење на вкупно 4 градежни маркици во општината. На тоа место треба да никне парк од 6000м2.

“Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за бришење на 4 маркици за градба – Реонски центар добива нов парк, а Населба Лисиче СЦ ,,Пирин”!

Советот на Град Скопје на денешната седница ја потврди иницијативата поднесена од страна на Општина Аеродром, а која се однесува на новиот Регулациски план за Реонски центар и Населба Лисиче.

Со оваа одлука, се потврдува нашата иницијатива за бришење на вкупно 4 градежни маркици на посочените локации. Две од маркиците на кои претходно беа планирани згради сега се претворени во земјиште на кое ќе има парк од 6000м2, додека останатите две од станбено-деловен простор стануваат објекти за образование.

Дополнително, одлуката на Советот за потврдување на нашата иницијатива, конечно ги создава правните предуслови за отпочнување на процесот за изградба на Спортскиот центар „Пирин“ во Населба Лисиче.

Промените во начинот на владеење во Аеродром се случуваат. Ја исполнуваме нашата заложба да продолжиме со хуманата урбанизација и да го оправдаме епитетот на прва општина што пренаменува маркици од згради во паркови и објекти од корист за сите граѓани!”

Извор