• вто. Ное 29th, 2022

Продолжува реконструкцијата на пешачките и велосипедски патеки на булеварот „Гоце Делчев“

Авг 30, 2022

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје по налог на Град Скопје од денеска продолжуваат со реконструкција на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот Гоце Делчев во насока од стоковна куќа „Мост” кон мост „Гоце Делчев” .

Денеска се вршат  почетните позиции машински ископи на оштетениот материјал, односно бекатон плочи и руиниран асфалт и се подготвува површината за асфалтирање.

Во изминатиот период  беше реконструирана едната страна од булеварот, односно пешачки и вело патеки од страната на катната гаража на површина од околу 1.800 квадратни метри која реконструкција вклучуваше и два пешачки острови.

Во текот на следниот период екипите продолжуваат со активности за  реконструкцијата на патеките на булеварот „Гоце Делчев“ од страната на скопската тврдина Кале.

Со реконструкцијата на пешачките и вело патеки на булеварот „Гоце Делчев“ ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите на овој потег.

Извор