• пет. Мар 31st, 2023

ИСЧИСТЕНА МИНИ ДЕПОНИЈА ВО НАСЕЛБАТА КОЗЛЕ

Фев 24, 2023

Во координација со Секторот Инспекторат од Општина Карпош, денеска лицата задолжени за одржување на јавната хигиена во локалната самоуправа спроведоа акција за расчистување на теренот во населбата Козле. Притоа, хигиеничарите од Карпош со помош на соодветна механизација ја исчистија помалата депонија која ја затекнаа на улица „Ловќенска“. Службите од Карпош и понатаму ќе работат со зголемен интензитет на одржување на чистотата на своја територија, а денешната акција е всушност продолжение на комуналните активности кои хигиеничарите од Карпош деновиве ги реализираа низ населбата Злокуќани.

Извор